ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/29/20 5:56 PM

Нема ни трага ни глас од двете велешанки кои исчезнаа од својот дом

Семејството и полицијата ги бара невенчаната седумнаесетгодишна сопруга и една година постарата сестра на велешанецот О.Ф (22), но ни по два дена од пријавувањето во Полициска станица Велес од нив нема ни трага ниту глас.

Секторот за внатрешни работи Велес поделил фотографии на полициските службеници и го пријавил случајот во Министерството за внатрешни работи.

– Потрагата трае но засега нема конкретни информации што можеме да ги соопштиме на јавноста, рече портпаролот Верољуб Додевски.

Осумнаесетгодишната Н.Ф. и една година помладата сопруга на нејзиниот брат исчезнаа на 27 декември, годинава. Тие заедно излегле од нивниот дом во Велес околу 10 часот и до денеска не се вратиле.

На социјалните мрежи пуштени се фотографии на двете девојки. Семејството бара помош и од граѓаните кои доколку ги забележат можат да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.

 

Убавка Јаневска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1