ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/29/20 5:53 PM

Расте бројот на загинати во земјотресот во Хрватска – најмалку шестмина, меѓу нив и татко и син

Не стивнуваат трагичните вести за нови загинати и за животни драми по денешниот земјотрес во Хрватска. Најмалку шест лица досега загинаа, јавуваат хрватските медиум.

Во Петриња загина 12-годишно девојле, дваесетгодишно момче во една куќа, дедо во друга, татко и син во иста куќа во селото Мајска Полјана кај Глина.

Во Петриња кучиња-трагачи најдоа жена под урнатините и нејзиното спасување е во тек. По затрупани луѓе се трага и на други локации, изјави директорот на хрватската Цивилна заштита.

Во разорениот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер со епицентар кај Петриња,  повредени се најмалку 20 луѓе и предизвикана е голема материјална штета, особено во Петриња, Сисак Загреб, Сисак…

Фото:„Јутарњи.хр“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1