ММС

Објавено на: 12/29/20 5:19 PM

СВР-Тетово најавува засилени контроли за новогодишните празници, повеќе патроли на Шапка и во Маврово

Засилени полициски контроли за време на новогодишните празници најавуваат од СВР Тетово
Засилени полициски контроли за време на новогодишните празници најавуваат од СВР-Тетово. Во овој период ќе се засилат и контролите на патиштата како и продажбата и употребата на пиротехнички средства.

Поголем број на припадниците на полицијата и повеќе патроли ќе има за време на новогодишната ноќ особено во викенд-населбите Попова Шапка и Маврово, каде се очекува голем број граѓани да ја дочекаат Новата година, поради неработењето на угостителски објекти.

Се најавуваат и засилени контроли на патиштата за време на новогодишната ноќ. Се апелира на почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел намалување на сообраќајните незгоди

Пред и за време на новогодишната ноќ припадниците на полицијата ќе патролираат и ќе преземаат дејствија против продажбата и употребата на пиротехнички средства.

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.