ММС

Објавено на: 12/29/20 4:01 PM

Почина Пјер Карден, човекот кој ја креираше модата на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век

Познатиот француски моден дизајнер Пјер Карден, кој ја обликуваше модата на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век, почина на 98-годишна возраст, соопшти денеска Француската ликовна академија.

Карден почина во американска болница во западното париско предградие Неја.

Како син на италијански имигранти, Пјер Карден почнал  да работи во модната куќа на Кристијан Диор во 1946 година, давајќи сопствен придонес  за создавањето на повоениот „нов моден изглед“. Својата прва  модна куќа ја отворил на крајот на 1949 година, за да подоцна успее да ја прошири својата империја низ целиот свет.

фото-fashionel.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.