ММС

Објавено на: 12/29/20 3:26 PM

Македонската рок музика преку изложбата на плакати, омоти и списанија

Плакати, омоти на лонг-плеј, и сингл плочи,касети како и стрипови и стари списанија се дел од постановката на изложбата„Мал вовед во визуелниот идентитет на  македонската рок музика во XX век на Тошо Филиповски, претставена во изложбениот салон на Домот на културата „Бели мугри“ во Кочани. Изложбата е улустрација на работата на македонски рок бендови, кои работеле во минатиот век, а некои од нив се активни и денеска.

-Опфатени се четири декади од XX век, кои се своевидна насока и доказ на тоа што Македонија и македонската современа музика го има како оставнина и вреди да биде покажана. Ова е визуелно богатство во однос на плакати, дизјани, едноставно како изгледал тој пресек на современиот дизјан на XX век, изјави авторот Тошо Филипов.

Изложбата ќе биде отворена до 31 декември. Тошо Филиповски, кој потекнува од Кочани, зад себе има две антологиски книги за македонската рок музика.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.