ММС

Објавено на: 12/29/20 3:48 PM

Срушена болницата во Сисак, сите пациенти се евакуирани (видео)

Силниот земјотрес што денес ја погоди Хрватска, а кој се почувствува и во Србија, предизвика огромни  материјални штети на Петриња, мало и слабо развиено место во чија близина  се наоѓаше епицентарот.

Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, сруши станови и згради, а голема штета претрпела и болницата во Сисак, која е оддалечена само 15 километри од Петриња.

Директорот на болницата, Томислав Дујменовиќ, изјави дека состојбата воопшто не е добра.

„Уништена е целата Интерна медицина, одделенијата  за интензивна нега, хирургија, гинекологија. Може да се каже дека остана само новата зграда. Ги преместуваме сите пациенти во нова зграда. Повеќето од уништените простории, веќе не можат да се користат. Министерот исто така контактираше со нас “, рече Дујменовиќ.

„Се надевам дека ќе  добиеме  помош, односно сега треба да ги згрижиме нашите пациенти кои што се на респиратор.  Не најдовме повредени во болницата, но кај нас доаѓаат голем број повредени од Петриња и засега можеме да се грижиме за нив “, рече тој.

Дел од оние кои останаа без покрив над главата ќе бидат сместени во касарната во Петриња, каде има место за околу 500 луѓе, а ќе бидат поставени и шатори на Црвениот крст.

нова.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.