ММС

Објавено на: 12/29/20 2:52 PM

(галерија) Охридските нуркачи со подводни новогодишни честитки

Нуркачите од Клубот за подводни активности – Охрид и Нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид од три локации на Охридското Езеро традиционално посакаа среќна Нова 2021 година.

DCIM100GOPROGOPR4182.JPG


Поделени во групи од по тројца-четворица нуркачи, слично на протоколите за дистанца, тие нуркаа на три различни локации кај Заливот на Коските, кај Трпејца и кај изворите на Црн Дрим кај Свети Наум и на тој начин на сите граѓани им ја честитаа Новата година.


Честитката ја упатија посебно и на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.