ММС

Објавено на: 12/29/20 2:42 PM

Како да е Хирошима, половина град ми го нема: Градоначалникот на Петриња по днешениот силен земјотрес во Хрватска, во кој загина дете

Градоначалникот на Петриња Даринко Думбовиќ потврди дека во силниот земјотрес денеска многу објети се урнати или оштетени, а загинало дете.

„Како да е Хирошима, половина град ми го нема. Во моментот се наоѓам пред мртво девојченце. Градот е разурнат, не може во него да се живее Катастрофа! Мајки плачат за децата, ги бараат. Ни’ треба помош, ни’ требаат итни служби“, изјавил Думбовиќ за ХРТ, пренесува „Вечерњи лист“.

Силниот земјотррес денеска во 12.15 часот бил со јачина од 6,3 степени по Рихтер, со епицентар на 47 километри југоисточно од Загреб или на три километри од Петриња, во која се претрпени значителни штети за што сведеочат и двете фотографии од Даниел Прерад што ги пренесуваме од „Вечерњи лист“.

Земјотресот се почувствувал во повеќе земји, меѓу кои и Србија, Босна и Херцеговина, Словенија,  па дури и во Германија. Словенечкиот парламент поради потресот дури ја прекинал и седницата, поради почувствуваниот земјотрес, била прекината и прес-конференција на градоначалникот на Бња Лука, пренесуваат медиуми од регионот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.