ММС

Објавено на: 12/29/20 2:38 PM

Необичен настан на германската железница: Лебедова љубов сопре 23 воза на еден час

Лебед, кој тагуваше за својот партнер на шините на германската железница, сопре дури  23 воза повеќе од еден час, сè додека пожарникарите не го отстранија со специјална опрема, соопшти Полицијата.
Двете птици се заплеткале  на пругите помеѓу Касел и Гатинген во централна Германија. Една од птиците починала, најверојатно откако се заглавила во каблите за напојување, се наведува во соопштението околу инцидентот.  Другиот лебед потоа  застанал  покрај телото на неговата партнерка и не сакал да се поменсти и покрај обидите на полицајците., токму поради тоа сообраќајот бил привремено запрен.

Подоцна биле повикани пожарникари со специјална опрема, кои успеале да ги отстранат мртвиот лебед како и неговата партнерка. Поради целата оваа операција за спасување, 23 возови доцнеле за околу 50 минути. Преживеаниот лебед не бил повреден и подоцна бил пуштен во реката Фулда. Според британското кралско друштво за заштита на птици, лебедите имаат еден партнер  за цел живот.

новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1