ММС

Објавено на: 12/29/20 1:51 PM

Предметот „Империја” е во фаза на вештачење, вели Јовески

Државниот јавен одбвинител Љубомир Јовески информира дека истрагата за предметот „Империја” е во тек и дека постапката се наоѓа во фаза на вештачење.

– Постапката за овој предмет е во фаза на вештачење, а се преземаат и други дејствија. Очекуваме во некое рационално време да биде изготвено мислење од вештите лица, истакна Јовески на денешниот онлајн брифинг со новинарите.

Случајот „Империја”  го отвори СЈО, а меѓу осомничените е и бизнисменот Јордан Камчев. Истрагата за овој случај сега ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.