ММС

Објавено на: 12/29/20 1:39 PM

Диего Коста е слободен играч

Она што се шпекулираше месецов во јавноста, денес се овистини. Диего Коста не е повеќе играч на Атлетико Мадрид и во јануарскиот преоден рок како слободен фудбалер може да си го избере следниот клуб. Споразумно клубот и играчот го раскинаа постоечкиот договор.

„Јорганџиите“ му се заблагодарија на шпанскиот репрезентативец за пруженото во „вториот негов мандат“ и му посакаа среќа во понатамошниот тек од кариерата.

-Атлетико Мадрид и Диего Коста постигнаа договор за прекин на договорот на напаѓачот, кој истекува на крајот од јуни, 2021 година. Напаѓачот побара да го напушти клубот поради приватни причини пред неколку денови, а денес го потпишавме договорот за раскинување, стоеше во официјалното соопштение на мадридскиот клуб.

Коста во Атлетико Мадрид пристигнува во 2006 година на 17-годишна возраст. Официјално за клубот има настапено во 215 натпревари и има постигнато 82 гола и 36 асистенции.

Според медиумите, интерес за Коста пројавуваат неколку тимови од Шпанија, неколку тимови од Италија и поранешниот негов клуб Челзи, доколку Оливие Жиру ја смени средината зимава.

 

 

 

Фото:

goal.com

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.