ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/29/20 12:30 PM

Пандемијата ја отежна работата на Собранието, законот за попис на седница на 18 јануари, изјави Талат Џафери

Со сигурност пандемијата на коронавирусот ја отежна и работата на законодавниот дом, кој изминатата година работеше во специфични услови и околности. Како резултат на новата реалност, изборите беа поместени од 12-ти април и тоа претставуваше првична отстапка, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната средба со новинарите.

-Како резултат на новата реалност, изборите беа поместени од 12-ти април. Тоа е првичната отстапка. Од четврти август, Собранието ги направи сите подготовки за да создаде услови за работа. Предвидени беа посебни протоколи за конститутивната седница. Досега свикани се 29 седници, дел од нив се затворени, а некои поради недовршени точки сè уште се отворени, изјави Џафери и изрази надеж дека во 2021 година кризата ќе се надмине.

А во 2021 година, по зборовите на првиот човек на законодавниот дом, се очекува и технолошко надградување во Собранието кое ќе им овозможи полесен пристап на новинарите и граѓаните во следењето на активностите на собраниските комисии. Проектот чии средства доаѓаат од Швајцарија, ќе значи и пренесување на седниците на комисиите на нова веб-страна во посебни прозорчиња.

-Процедурата за новата набавка за технолошко надградување е во тек. Сите сали треба да бидам опремени со техничка опрема и на веб-страната да можат да се следат истовремено активностите и работата на комисиите и на пленарната седница, најави претседателот.

Во однос на новиот закон за попис, Талат Џафери најави дека тој ќе биде ставен на седница по 18 јануари. Законот ги исполнил условите за спроведување на пописот, а неговата целосна имплементација ќе зависи од тоа дали пратениците ќе поднесат амандмани и практичната работа на терен.

Собранието продолжува со работа на 11 јануари, додека нова седница ќе биде закажана за  18 јануари.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1