ММС

Објавено на: 12/29/20 11:55 AM

Во СДСМ веќе се прават списоци, Спасовски ќе вработи 600 партиски војници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за огласот на МВР за полицајци

Откако МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци, опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека власта ги наградува партиските војници со работни места во државната администрација, во време кога државата е во рецесија.

– Ветувањето за помала администрација во предизборна кампања кое што го даваше Зоран Заев бргу го заборави власта. И по изборите се воведе принципот вработи го секој лепач на плакати на грбот на народот. Доказ дека СДСМ ја полни државната администрација со партиски војници е огласот на МВР. Според информации на ВМРО-ДПМНЕ веќе по општинските организации на СДСМ се прават списоците кои да се вработат во МВР.Тоа е така зошто Спасовски си прави партиска полиција, а тоа е уште еден доказ за партизацијата на полициските структури, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека овие 600 вработени всушност ќе бидат партиски војници на грбот на народот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.