ММС

Објавено на: 12/29/20 11:39 AM

Одделението за управни работи во Кавадарци во нови простории

Лични карти, патни исправи и возачки дозволи од денеска кавадарчани ќе добиваат во нови простории. Дислоцирано е одделението за управни работи,  од просториите на полицијата,  во просториите на гранична полиција. Овие простории во изминатиот период се реконструираа, а денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше во посета и најави дека до крајот на годината ќе заврши реконструкцијата и на полициската станица во Кавадарци.

„Ова е после подолго време,  нови простории и нов концепт за работа на управните служби. Наши простории кои беа дел од РЦ Југ целосно се реновирани и подготвени врз основа на концептот за управни работи и тука граѓаните на Кавадарци ќе можат да ги вадат сите лични документи. Ова е дел од заложбите на МВР и моите лични заложби како и на раководството,  да направимеподобри услови заграѓаните, да имаат полесно остварување на своите права и услови за полесно работење на вработените во МВР. И тоа е дополнителна мотивација за една успешна работа“ изјави Спасовски.

Тој информираше дека пред крајот на годината целосно бил реализиран планот за реконструкција на полициски објекти.  Нагласи дека целосно била завршена реконструкцијата на објектите на ОВР Крива Паланканаи Гевгелија. Исто така посочи дека завршила реконструкцијата и на објект во  Жеровјане, аеродромската база во Петровец, а се работело и на реконструкција на ПС Чаир.

Спасовски најави активности за подобрување на условите за граѓаните и вработените во МВР и за следната година.

 

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.