ММС

Објавено на: 12/29/20 11:30 AM

ЦГК:Третина од јавните претпртијатија не ги објавуваат имињата на членовите на Управните одбори

Транспарентност на државните претпријатијата во 2020 година зголемена, но сѐ уште на ниско ниво, е заклучокот од  истражувањето Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост за 2020 година,  Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Нодите од истражувањето се:

  • Просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, што подразбира исполнување на законските обврски и добрите стандарди, изнесува 41% од можни 100%.
  • Транспарентност и отчетност на претпријатијата бележи напредок во однос на 2018 година кога изнесуваше 28 %.
  • Во последните две години, поголем напредок во транспарентноста имаат претпријатијата основани од општините од оние основани од Владата. Општинските јавни претпријатија имаат просечен раст на транспарентноста од 27 % во 2018 година на 43 % во 2020 година, а претпријатијата на Владата, пак, имаат раст од 31 % на 39 %. Ова ја доведува во прашање доследноста на примената на Стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ (2019 – 2021 год.).
  • Исполнети се услови за разрешување на 15 директори на јавни претпријатија. Имено, Законот за јавни претпријатија (член 24-а) предвидува разрешување на директорот на претпријатието за ненавремено објавување на веб-страницата претпријатието на тримесечните финансиски извештаи за тековната година, како и на годишната сметка и извештајот за претходната гoдина.
  • На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските 82 % повторно се наоѓа Јавното претпријатие за државни патишта, а на дното повторно е АД Градски трговски центар со 16 % исполнување.
  • Една третина од претпријатија не ги објавуваат ниту имињата на членовите на управните и надзорните одбори. Додека пак објавувањето на биографиите на членовите на овие управувачки органи е практика само на 13% од претпријатијата.
  • Ниту едно претпријатие не објавува информации за одржаните седници на управните одбори.
  • Оперативен извештај за работењето во претходната година објавиле само 43 % од претпријатијата, а финансиски отчет е објавен од страна на 57 % од претпријатијата.
  • Само една третина од претпријатијата го објавиле ревизорскиот извештај за 2019 година, којшто во согласност со законските обврски морале да го имаат, и го доставиле до Централниот регистар до 30 јуни.

Истражувањето е достапно на opendata.mk.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.