ММС

Објавено на: 12/29/20 10:24 AM

Научници од САД: Вакцинираните можат да го пренесуваат корона вирусот

Експертите во САД открија дека вакцинираните лица можат да бидат носители на коронавирусот. Компаниите Фајзер и Модерна испитуваат колку од вакцинираните можат да го пренесат вирусот.

Дури и да сте примиле вакцина против корона вирусот, во јавност не можете да се движите без маска. Ова е мислењето на лекарите. Носот е главниот извор на вирусни инфекции. Вклучувајќи го и корона вирусот. Таму брзо се размножува и го активира имунолошкиот систем. Вакцината го стимулира производството на антитела и ова треба да биде доволна заштита за да се спречи заболувањето на лицето кое ја има примено вакцината. Некои од антителата можат да циркулираат во крвта до назалната мукоза и да заштитат од инфекција.

Но, сè уште не е јасно дали ќе бидат доволни и колку брзо ќе можат да се мобилизираат. Ако не се многу, вирусите можат да живеат и да се размножуваат во носот и да се исфрлат преку кивање, да се издишуваат и на тој начин да заразат други.

Тоа е своевиден натпревар во организмот, во зависност од тоа дали вирусот може да се произведе побрзо или имунитетот може побрзо да го контролира, вели Марион Пепер, имунолог од Универзитетот во Вашингтон во Сиетл.

Затоа, вакцините што се инјектираат во носот како спреј или се даваат преку уста се подобри од интрамускулните инјекции за респираторни вируси, велат експертите.

За вакцинираните против Ковид-19, носењето маски сè уште е задолжително.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.