ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/17/18 12:25 PM

Основачот на Амазон, Џеф Безос е најбогат човек во светот

Педесет и четиригодишниот основач на американската компанија „Амазон“, Џеф Безос стана најбогатиот човек на светот во поновата историја, со богатство од 150 милијарди долари – објави агенцијата Блумберг.

Се смета дека богатството на неговиот најголем конкурент за позицијата најбогат човек на светот, кој се наоѓа на втората позиција, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс изнесува 55 милијарди долари помалку. На трето место се наоѓа Ворен Бафет со 83 милијарди долари.

Извештај на Управата за федерални резерви (Фед) на САД покажува дека во 2016 година најбогатите еден отсто од американските семејства контролирале 38,6 отсто од богатствата во САД, а 90 проценти од долниот дел на листата контролирале 22,8 отсто од богатствата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1