Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за прием на 600 извршители за работното место “полицаец“. Најголем број на нови полицајци ќе примени во СВР Скопје – сто извршеители, додека по 50 нови за секторите во Струмица, Охрид, Куманово и Битола. По триесет нови полицајци се планирани во СВР Штип, Тетово и Велес. Новопримените ќе поминат едногодишна обука.
Детали за огласот:
- во Сектор за внатрешни работи Скопје ——————————– 100 извршители
- во Сектор за внатрешни работи Струмица —————————– 50 извршители
- во Сектор за внатрешни работи Охрид ———————————- 50 извршители
- во Сектор за внатрешни работи Битола ——————————— 50 извршители
- во Сектор за внатрешни работи Тетово ———————————-30 извршители
- во Сектор за внатрешни работи Велес ———————————– 30 извршители
- во Сектор за внатрешни работи Штип ———————————– 30 извршители
- во Сектор за внатрешни работи Куманово —————————– 50 извршители
- во Регионален центар за гранични работи Север ——————– 50 извршители
- во Регионален центар за гранични работи Запад ——————– 30 извршители
- во Регионален центар за гранични работи Југ ————————- 30 извршители
- во Регионален центар за гранични работи Исток ——————– 20 извршители
- во Оддел за заштита на определени личности и објекти ———– 30 извршители
- во Единица за брзо распоредување —————————————- 30 извршители
- во Единица за специјални задачи —————————————— 20 извршители.
По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати, соопшти МВР.
Линк до јавниот оглас: