ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/28/20 11:17 PM

Се породила, па бебето го фрлила во полски тоалет – Шок во Србија

Дваесет и осумгодишната Даниела Б. денеска се породила во својот дом во српското село Мокрин, Кикинда. Своето новороденче, оваа млада жена го фрлила во полски тоалет. Тоа го забележале членовите на семејството кои ја повикале Итната медицинска помош, па за кратко време и мајката и детето се пренесени во Општата болница во Кикинда. Новороденчето поради повредите е пренесено во Клиничкиот центар во Нови Сад, а мајката е задржана во кикиндската болница.

„Мајката и бебето со возило на Итната медицинска помош пристигнаа во нашата болница, веројатно многу брзо по породувањето, бидејќи мајката се’ уште ја имаше постелката во себе. Поради загрозеното здравје, новороденчето е префрлено на Клиничкиот центар во Нови Сад“, соопштија од Општата болница во Кикинда.

Во полициската управа во оваа општина потврдуваат дека денес е пријавен ваков случај, додавајќи дека нивната екипа излегла на терен и се утврдуваат сите околности на случувањето.

За овој настан е известено и Основното јавно обвинителство кое води истрага.

 

Извор: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1