ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/17/18 11:22 AM

Петмина загинати при уривање на хеликоптер во Јужна Кореја

Пет луѓе загинаа, а едно лице е повредено при пад на хеликоптер во близина на јужнокорејскиот град Поханг, соопшти денеска морнарицата на Јужна Кореја.

Хеликоптерот прво се запалил, а потоа паднал од висина од околу 10 метри.

Несреќата се случила во поморската база, каде секоја година американските и јужнокорејски маринци одржуваат вежби.

Се уште не се познати  причините за несреќата, истрагата е во тек.

Извор: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1