Можеби звучи како научна фантастика, но во Европа е одобрена продажба на вештачко срце. Повеќегодишната работа на една француска компанија се исплати-тие го добилја неопходниот сертификат, со кој уредот е одобрен, а сега можат да почнат и со официјална продажба.
Што е вештачко срце?
Едноставно кажано, вештачкото срце е уред кој го заменува вистинското срце.
Доколку трансплантацијата на срце е невозможна, вградувањето на овој уред во човекот ќе го замени неговото срце. Целосното вештачко срце се вградува на пациенти на кои им се ослабени и десната и левата преткомора.
European Regulators Approve Sales of First Artificial Heart. https://t.co/PvSpBWndA6
— Dr Maanane Fouad (@FouadMaanane) December 27, 2020
Зошто е ова важно?
Како што во текот на годините се зголемува бројот на пациенти кои боледуваат од срцеви заболувања, така расте и потребата за трансплантација на срце. За жал, донорите на овој најважен човечки орган се ограничени. Токму од таа причина вештачкото срце добро ќе им дојде на сите оние кои со години чекаат трансплантација. Тука нема листа на чекање, бидејќи уредот е достапен во секој момент. Многу важно е тоа дека производот секогаш ќе биде компатибилен со телото, односно не е можно создавање на одредени антитела кои го отфрлаат, што често се случува кога се врши транспалнтација на вистинско срце.
Како функционира?
Исто како трансплантацијата на срце, вештачкото срце ги заменува двете долни комори на срцето (лева и десна комора) и четирите срцеви вентили. Вештачкото срце пумпа и произведува импулси на воздух и вакум, кои и’ помагаат на крвта нормално да струи низ крвотокот.
Процесот на создавање на вештачко срце има долга историја. Ова не е првпат, една компанија да има произведено потполно вештачко срце, но ова е историски момент за Европа, бидејќи отсега и официјално на пациентите на кои тоа им е потребно, можат да си купат уред кој секако ќе им го продолжи животот.
Фото: Twitter / Jack Clayton
Извор: srbijadanas.com