ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/28/20 9:26 PM

Попис ќе има во април бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата, тврди Заев

Попис ќе има идната година во април бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата – смета премиерот, Зоран Заев.

Во врска со оваа тема тој вечерва се огласи на Фејсбук каде напиша дека пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери.

– Пописот, како статистичка операција, според највисоките стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика кој за пилот фазата ги доби највисоките оценки.
Нашите граѓани чекаат попис речиси две децении, оваа шанса нема да ја пропуштиме. Сѐ е подготвено, а развој е можен само со точни статистички податоци, наведува Заев во статусот на Фејсбук.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1