ММС

Објавено на: 12/28/20 8:25 PM

Излеговме во дворот голи и боси, се’ уште сме во шок: Ивана Банфиќ потресена поради земјотресот

Педесет и едногодишната пејачка, Ивана Банфиќ со сопругот и синот живее во Стара Дренчина недалеку од Загреб, каде беше епицентарот на земјотресот со јачина од 5,2 степена по Rихтер. Ивана по денешниот земјотрес е исплашена, а таа и нејзиното семејство во моментот на земјотресот истрчале во дворот голи и боси.

„Малку сме исплашени, но и тоа ќе помине. Спиевме и не’ разбуди. Не можам да проценам колку траеше, но многу се почувствува. Излеговме во дворот голи и боси. Во дворот има два стари орева и дрвјата се тресеа, а немаше ветер“, изјави пејачката.

„Син ми најмалку се исплаши, од децата треба да учиме како да живееме. Внатрешноста на куќата е во ред, сега треба да разгледаме наоколу. Сега се’ уште се собираме од шокот, но живи и здрави сме, тоа е најважно“, додаде пејачката за Слободна Далмација.

И четириесет и деветгодишната пејачка, Ела Маринела Јантош која во моментот работи како негувателка во Велика Британија е исплашена, пред се’ бидејќи е одвоена од ќерката. Утрово ја разбудиле пораки и повици од мајка и’ и од тринаесетгодишната ќерка.

„Ќерка ми се исплашила. Мајка ми вели дека облечена го чекала следниот земјотрес. Страшно, не можам да кажам како се чувствувам бидејќи не сум со нив. Се враќам во Хрватска со првата прилика, а до таа прилика не е лесно да се дојде“, раскажа Ела.

 

Фото:    ivana_banfic_ibee

Извор:  telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.