ММС

Објавено на: 12/28/20 8:17 PM

„Барселона“ прв финалист во ракометната Лига на шампиони, ПСЖ пак ќе остане без титула

Ракометарите на „Барселона“ се првиот финалист на завршниот турнир во европската Лига на шампиони, кој годинава, поради пандемијата, се одржува со седуммесечно задоцнување.

Во Келн, традиционалниот домаќин на фајналфорот, „Барселона“ пред малку го победи ПСЖ на екс-вардаровиот тренер Раул Гонзалес со 37-32 (18-14). Вториот финалист, исто така, ќе биде познат вечерва. Силите во второто полуфинле со почеток во 20.30 часот ќе ги одмерат „Веспрем“ и „Кил“.

Ракометарите на „Вардар“ остануваат европски шампиони до утре.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.