ММС

Објавено на: 12/28/20 8:05 PM

Се’ се случи како под истите околности од март: Николина Пишек во страв по денешниот земјотрес

Главниот град на Хрватска утрово го погодија три земјотреси, па загрепчани го доживеаја речиси истото сценарио како во март годинава, кога Загреб претрпе голема материјална штета. Во страв, како што пренесуваат тамошните медиуми, беше и водителката Николина Пишек, чиј дом беше разурнат. Таа денеска се потсети на моментот кога се разбудила со стрес во раните часови на тој понеделник, кога Загреб го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

„Вознемирувачки е само по себе, не само потресот како таков, туку и фактот дека се’ се одигра во речиси исти околности. Практично истото време, 06:30 наутро…Мислам дека претходниот земјотрес беше десетина минути порано. Многу е необично што се’ се случи под истите околности како и минатиот пат во март. Градот спиеше, исто беше доста студено, имаше lockdown. Ситуацијата е скоро пресликана“, изјави Николина за „Пулсу Србије“.

„Граѓаните се вознемирени, но градот продолжува со своите редовни активности. Благодарни сме што не се случи нешто повеќе, што си ги сочувавме домовите“, додаде Николина и потенцираше дека е среќна што има кров над глава.

Инаку, податоци за жртви од земјотресот нема, но сепак е причинета значајна материјална штета.

Епицентарот на земјотресот беше педесетина километри југозападно од Загреб – соопшти Европско-медитеранскиот центар за сеизмологија.

 

Фото:  Instagram / nikolina_pisek

Извор:    mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.