ММС

Објавено на: 12/28/20 7:14 PM

Болницата од Кавадарци ќе ја пријави во полиција лажната вест дека од ковид-19 починале две млади сестри

Болницата од Кавадарци ќе го пријави во полиција случајот со лажната вест дека починале две девојки од КОВИД-19. Ова за МИА го потврдија од Министерството за здравство.

Попладнево беше злоупотребен интернет профилот на кавадарчанка, при што во нејзино име беше објавена лажна вест,  дека и починале двете ќерки од коронавирус. Беше ставена дури и фотографија, а во лажниот пост стоеше дека никој не сакал да ги прими во болница.

Во моментов пријава за случајот во кавадаречката полиција поднесуваат и двајцата сопружници, чии ќерки беа прогласени за мртви на интернет – потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.