ММС

Објавено на: 12/28/20 6:12 PM

Злоупотребен е профилот на кавадарчанка, некој лажно објавил дека двете ќерки и’ умреле од ковид-19

Лажна вест со морбидна содржина  е проширена на фејсбук за наводно починати две девојки од Кавадарци од ковид 19. Според првичните информации хакиран е профилот на мајката на девојчињата.

„Постојано ни се јавуваат роднини и пријатели да прашаат дали е вистина. Нема никаква вистина. Сега ќе пријавам во полиција” , ни рече во телефонски разговор таткото на девојките.

Дека се работи за лажна вест ни потврдија и од Министерството за здравство.

Фото: Илустрација / Freepik

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.