ММС

Објавено на: 12/28/20 5:33 PM

Ковид-отпадот е ризик за јавното здравје: Флорозон бара итно решение за употребените маски и маски

Фрлениот ковид-отпад претставува ризик за јавното здравје и за животната средина, предупреди попладнево Центарот за еколошка демократија Флорозон. Од оваа невладина организација побараа итно систематско решавање на проблемот со одлагање на потенцијално-контаминираниот ковид-отпад од употребените заштитни маски и ракавици.

Станува збор за отпад кој голем број меѓународни испитувања и домашни експерти утврдиле дека е ризичен, бидејќи може да содржи траги од вирусот и патогени честичи кои можат да се пренесат во жив организам преку допир на контаминираната површина. На пример, како што објаснува Стево Темелковски, поранешниот заменик-министер за животна средина, овој вид отпад треба да се третира засебно, бидејќи ги загрозува пред сѐ комуналните работници и собирачите на секундарни суровини – велат од Флорозон.

Оттаму апелираат дека на национално ниво мора да се имплементира системско решение за ова прашање.

Секој проблем што го имаме генерално со отпадот се мултиплицира со коронавирусот. За колкав проблем станува збор? Каква е подготвеноста за тоа во Република Северна Македонија? Дали е потребен посебен систем за собирање на ковид-отпадот за да се спречи ширењето на заразата преку него? Како во моментов човештвото се справува и со овој предизвик – прашуваат од невладината во денешното соопштение до јавноста.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.