ММС

Објавено на: 12/28/20 4:23 PM

Од судбината не се бега: Земјотресот во март им го уништи станот во Загреб, а денешниот потрес и куќата кај Сисак

На семејството Вертл земјотресот во март годинава во Загреб му го уништи станот во Гундулиќева улица. Се преселија и засолнија во куќата во Глина, кај Сисак, но судбината сакаше пак да се во голема неволја. Земјотресот што се случи ова утро во тој дел на Хрватска им ја уништи и куќата.

„Не знам. Повторно од почеток.Куќата мора да се санира. Сега немаме каде“… изјави госпоѓата Вертл за Фејсбук-страницата „Луѓе за луѓе, пренесува „Јутарњи.хр“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.