ММС

Објавено на: 12/28/20 4:02 PM

(фото)Протече списокот со премии за фудбалерите и стручниот штаб на фудбалската репрезентација

По 125.000 евра за 12 фудбалери кои имале сто отстотен учинок во натпреварите со Косово и Грузија и исто толкав износ за селекторот, се највисоките премии од списокот со вкупно 43 луѓе. Останатите 14 фудбалери, кои биле резерва или имале помала минутажа во двата натпревари, ќе добијат од 25.000 до 93.750 евра. Премии ќе има за стручниот штаб, лекарите и физитерапевтите, како и прес службата.

Сите заедно од овој список ќе поделат 3.175.000 евра. Од Фудбалската федерација на Македонија изјавија дека тоа е списокот што го составил селекторот во координација со директорот на репрезентацијата.

По седницата на Управниот одбор на ФФМ минатата недела беше соопштено дека одобрена е распределба на 4,2 евра за пласманот на ЕУРО 2020.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.