ММС

Објавено на: 12/28/20 3:41 PM

Со доаѓањето на печалбарите се очекува раст на позитивни случаи со Ковид-19 во Тетово

Со доаѓањето на печалбарите се очекува раст на позитивни случаи со КОВИД 19 .Во тек е изградба на модуларна болниа која ќе го намали очекуваниот притисок врз болничките капацитети.

Модуларната болница се очекува целосно да се постави во текот на наредниот месец. Веќе е поставен бетонскиот фундамент. Болницата ќе биде на површина од 550 метри квадратни , а ќе има 55 болнички кревети. Од КОВИД центарот велат дека оваа модуларна болница ќе го растерети притисокот кој го очекуваат поради доаѓањето на печалбарите

Тој вели дека состојбата со вирусот е малку смирена, но тоа не значи дека граѓаните треба да се опуштат.

Инаку во тетовско дневно се евидентираат по десетина позитивни случаи на КОВИД 19.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.