ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/17/18 9:16 AM

Берлин ги повика САД и Русија да не престанат да разговараат

Германскиот министер за надворешни работи, Хаико Мас ги повика САД и Русија да продолжат да разговараат и по самитот во Хелсинки меѓу лидерите на двете земји Доналд Трамп и Владимир Путин.

– Важно е САД и Русија да разговараат, изјави Мас за германската медиумска група РНД.

– Ние не можеме да си дозволиме молчење меѓу Москва и Вашингтон за Сирија, Украина, контролата на оружјето и намалувањето на оружјето, рече тој.

Дијалогот е важен за меѓународните односи, исто како и „надлежноста, конзистентноста и упорната работа, дури и далеку од светлината на рефлекторите“, додаде шефот на германската дипломатија.

Извор: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1