ММС

Објавено на: 12/28/20 2:18 PM

Додека Европа се вакцинира, кај нас граѓаните не знаат каков е планот и кога ќе стигнат вакцините, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција ја обвини власта дека во време кога цела Европа се вакцинира, тие тераат ПР кампањи и склучуваат сомнителни зделки. Велат дека додека од Европа вчера сликите биле од почетокот на вакцинацијата, кај нас се известувало за стандардната ковид статистика, а премиерот пак преку видео порачал да се празнува одговорно како граѓаните да се виновни за, како што велат, неспособноста и неорганизираноста на власта.

Од партијата велат дека граѓаните за вакцинацијата се уште не знаат ништо и се во исчекување на информации, а немаат ниту доверба во ситемот.

– Дали здрајето на граѓаните за нив не е приоритет и истовремено го загрозуваат правото на оние граѓани што сакаат да бидат вакцинирани да го остварат тоа право?Јавноста заслужува одговори. Дали Филипче и Заев остварија средби со претставници на производители на вакцини? Кога ќе стартува вакцинацијата против корона, кој е планот, со каков квалитет ќе бидат вакцините и дали ќе имаат граѓаните избор на вакцини од различни производители, а не Филипче да не убедува дека ќе имаме вакцини за 400 илјади граѓани од КОВАКС механизмот, без притоа јасно да ни објасни кога ќе стигнат и каков е планот за вакцинација, праша Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа потенцира дека за несоодветниот менаџмент на корона кризата, за доцнењето на вакцината, за скоро две илјади и петстотини починати лица, одговорни се единствено Филипче и Владата на Зоран Заев.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.