ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/28/20 1:19 PM

Без храна, вода и тоалет – Сага на македонските камионџии во Англија

По застој од скоро една недела од утрово во Довер, Англија полека почна да се расчистува проблемот со камионџиите, кои пред католички Божик останаа заглавени на пристаништето и не можеа да го поминат тунелот за да влезат во Франција. Нашиот соговорник Валентина Мишковска Петровиќ, координатор и основач на акцијата за помош на заглавените луѓе, утрово ни соопшти дека по една недела малку се размрдале работите и утрово успеале 11 камиони да ги качат на воз за Франција. Но, таа откри шокантни детали од се она што изминатава недела го преживуваа луѓето кои сакаа новогодишните и божиќните празници да ги поминат во своите родни места.

-Проблемот почна во понеделникот наутро. Камиони, автобуси, автомобили се беше заглавено во Кент и Довер. Овде беше и сеуште е хаос. Луѓето овде сметаат дека проблемот e исклучиво политички, поради Брегзит,  и дека нема никаква врска со пандемијата. Прво се откажаа летовите,  11 земји за четири часа ги откажаа летовите кон Лондон, па потоа и другите. Па се затворија пристаништата и евротунелот во Кент стана големо паркиралиште. Има над 7.000 камионџии, но има и околу 800 автобуси со луге од Романија, Словачка, Полска, кои сакаа да си одат дома за празниците. Има плус и автомобили. Па можете да замислите каков хаос е, вели Валентина.

Валентина Мишковска Петровиќ, координатор за помош на македонските возачи

Според неа поголем Франција дел од луѓето кои се заглавени немаат вода и храна а проблем имаат и со тоалет,  далеку им се, а тие се заглавени во колоната и не можат да се мрднат. Дополнителен проблем настанал и со повторното воведување на задолжителен корона тест.

-По неколку дена од се смилуваа да ги пуштат границите, но само со негативен тест. А за тестот треба време, бидејќи брзите тестови не ги признаваат,  не биле точни. Нашите возачи се исфруструрани оти не не знаат што се случува. Од нашите камионџии сум информирана дека ги прашували полицајците што е ова што се случува, но и полицајците кревале раменици, не знаеле.  Навистина луѓето кои се заглавени се во незавидна положба. Тоалетите се поставени на километар и половина растојание, но ако се погоди во колоната да си некаде на средина, навистна има проблем, оти не можеш да се мрднеш. Тогаш за тоалет мора да патуваат по еден километар.  Тие тоалети треба да се чистат два пати дневно, а до нив не може да се стаса бидејки патиштата се блокирани. Јас кога го видов хаосот направив група на Фејсбук и ги повикав нашинците да помогнеме со храна на заглавените луге и навистина за кусо време им аше голем одзив. Имаше луѓе кои немаа јадено и по два дена. Потоа имавме проблем и како да стасаме до нив за да им ја предадеме храната, не може да се движат автомобили по патот,  се е заглавено.  Македонската заедница во Англија, во која има над 10.000 луѓе,  се организираше и за 24 часа станав координатор и собравме 1.200 донации, вели Валентина и додава:

-Засега се 107 камиони со македонски возачи, кои возат за различни држави. Беа повеќе, но околу 24 заминаа, а некои заминаа и утрово. Едни с заглавени кај тунелот, други се заглавени кај пристаништата на царинските терминали. Трети, пак, се заглавени уште по патот, не се ниту стасани до пристаништата. Затоа е многу тешко да ги лоцираме и да им помогнеме, бидејки не се на едн о место. Има камиони и во близина на локалниот аеродром Марстон. Тука од срце и благодариме на Ана од Битола која мене ми е десна рака и бидејќи живее таму остана низ улиците и супермаркетите за да им помага. Имаме и уште едно момче Илче, кое дури од Атврод дојде на југот за да им донесе храна на камионџиите. Голема благодарност и на Орце и Зорица и на Мирослав, кој скришно низ шума  вршеше дотур на храна на лугето.  Морам да кажам и дека во помош на заглавените луге се вклулија и амбасадите, полскиот амбасадор заедно со лугето вршешпе дотур на храна на заглавените нивни сонародници а нашата амбасада остана глува. Се што правевме правевме ние луѓето сами. Навистина имаше возачи кои беа прегладнети, храна немаа по два дена.  Во оваа ситуација не се проблем парите, пари има и храна купивме, проблем е што не се на едно место, туку на различни патишта на југот од Англија, распрскани во радиус од 80 километри.  Некаде има по еден двајца, некаде четворица, некаде повеќе. А нам би ни било полесно кога би биле во група, но тоа е тоа. Таму се каде што ги затекнала забраната, објасни Валентина за ММС.

Според неа на овие патишта каде се заглавени македонските возачи функционира само лентата за итни случаи,  а другите  четири ленти се полни и дека иста е состојбата и од француската страна, каде се заглавени камионите, кои треба да влезат во Англија за дотур на роба.

– Автомобилите што можеа да излезат од колоната се вратија назад во Англија а сите други се заглавени.  Од страната на Франција е истата слика, камионите што треба да донесат храна во Англија се заглавени од таа страна. Затоа велам дека во моментов е хаос. Ова се вистински информации од терен, а личат на научна фантастика. Ама се е вистина.  Опашките се долги по над 10 километри.  Ла Манш има многу сообраќај, кој не е само Англија и Франција, туку и држави кои го користат за Северно Море, па многу пловидба што дополнително создава хаос по водениот пат, објасни Валентина.

Но, како што вели таа, не е пријатно толку дена да си заглавен и да не можеш да ги завршиш основнити физиолошки потреби. И, додава  дека доколку некако го надминат проблемот во Англија, на патот низ Европа поради забраните и новите корона правила возачите имаат дополнителни проблеми.

 

-Повеќето од возачите се заглавени од понеделникот и не се ниту капени, а за тоалетите да не зборувам. Но, и Англичаните не се виновни, се најдоа затечени, не можат да се справат.  Помага и англискиот синдикат на камионџиите, им носи храна, но над 7.000 камиони се и не можат на сите да им однесат. Освен тоа идењето на било кој да врши дотур на храна создава уште поголема гужва на патот и затоа полицијата ги стопира. А на унгарската граница,пак, имаат друг проблем. Таму, како што сум ин формирана, пуштаат возачи само со ЕУ пасош, а ако го немаат ги враќаат во државата од кај што влегле.   Исто така на патот до Унгарија има неколку физички граници кои треба да ги поминат и не се знае дали ќе ги фати полицискиот час  во тие држави. Па одредени држави бараат тест не постар од 48 часа, а тие и да го направиле тестот во Англија за да влезат во Франција, во овие држави веќе не важи бидејќи се поминати 48 часа. Затоа кога велам дека е хаос, да, хаос е во вистинска смисла на зборот, објасни Валентина.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1