ММС

Објавено на: 12/28/20 6:00 PM

Тројца мажи пливачи под контрола на мама каратистка – Во домот на Димовски најспортското семејство во Македонија

Тројца се пливачи, од нив двајца се натпреваруваат и една каратистка. Семејството Димовски со право  го препознаваат како нај-спортското семејство во земјата.

Игор Димовски во годината што одминува одбележа десет години како го преплива каналот Ла Манш, како четврт и засега последен  Македонец, а веќе неколку години е национален шампион во Триатлон. Неговиот постар син Иво-Јован е средношколец-пливач и триатлонец, а  најмалиот во семејството, Матео исто така пливач, со нетрпение го чека моментот да почне да се натпреварува. Шлаг на тортата е Снежана, сопруга и мајка , таа не  плива, туку е јуниорски вице шампион на Европа во карате.

Спортскиот дух на оваа семејство е нескротливо, нив можете да ги видете по велосипедските, планинските патеки, секогаш во освојување на  некои нови немирни води. Пандемијата која што во секој случај промени многу во светот и во секојдневието, ќе ја памети и оваа семејство.

„ Да бидеме искрени, трпеливоста и упорноста што ја црпиме од спортот ни овозможи да бидеме многу истрајни гледајќи на ситуацијата со пандемијата и времето на карантин кој го имавме. Спортските активности воопшто не ги занемаривме, напротив го наоѓавме секој можен момент да истрчаме, планинариме или возиме велосипед“, вели Игор

Сепак, вели Игор, му се случија  и убави работи во годината што изминува. Тој  по втор пат ја освои државната титула во Триатлон, а оваа година ја доби и ,,13 Ноемвриската награда“.

Новогодишните и божиќните празници, оваа семејство планира да ги помине заедно во нивниот дом, во домашна атмосфера,која  можеби ќе биде и најтоплата, затоа што, како што велат  ќе бидат сите заедно. Подготовоките се заеднички.

„Се разбира, не го пропуштаме овој момент за кој што нетрпеливо чекаме цела година особено најмалиот Матео кој е највозбуден како за украсувањето така и за подароците што следат’, вели Снежана.

Што се однесува до нивната трпеза за новогодишните и божиќните празници, таа нема да се  разликува многу од традиционалната македонска трпеза.

“Сарма, руска салата, кифлички, се неизбежен дел од новогодишната трпеза. За Бадник ,секогаш лебче со паричка и многу вкусни посни специјалитети“, вели Снежана.

Многу е забавно  да се биде единствено женско и единствена каратистка во едно вакво спортско семејство, со цврста рака да се држат сите конци на свое место.

„ Да бидам искрена и повторно кога би се родила би го избрала истиот спортски пат каде дисциплината, смиреноста и балансирањето се можеби главен филтер во овој така многу динамичен и стресен свет“, тврди Снежана.

Пред нас е Новата година, сите со исчекувања дека ќе биде подобра од претходната, секој со планови, желби и планови. Со планови и оваа семејство, особено машкиот дел од семејството Димовски

„Трета по ред шампионска титула а и Балкански медал се двете желби за кој ќе се потрудам да ги реализирам,а ако  не ,тогаш барем постариот син Иво-Јован да биде тој кој ќе се качи највисоко на пиедесталот и ме надмине.  Матео,пак, да го освои првото место во дисциплината делфин,“ е желбата на Игор, кој е горд што и неговите синови тргнаа по неговиот спортски пат.

„Нема поубаво чуство кога додека сте излезени надвор, луѓето ве препознаваат како нај-спортско семејство во Македонија, вели Игор.

Бидете спортски активни, професионално или рекреативно е пораката којашто  сака да ја сподели  оваа прекрасно семејство сплотено со нераскинливите нити на спортскиот дух којшто го исполнува нивниот живот.

„Бидете здрави насмеани и полни со љубов“, велат тие.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.