ММС

Објавено на: 12/28/20 12:29 PM

Бесплатна телефонска линија за пријавување забави и прослави, најави Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешното гостување во „Утрински Брифинг“ на Слободна ТВ, најави поригорозни контроли за време на престојните празници, но и бесплатна телефонска линија на која граѓаните ќе може да пријавуваат недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица.

Министерот вели дека растурањето на забавите нема да се прави само по дојави, туку и врз основа на планови и активности.

– Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, кој ќе биде во министерството за внатрешни работи. Повикувам секој еден граѓанин да помогне, да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што има организирани прослави и настани, да извести. Анонимен ќе е и никој нема да знае кој пријавува, рече Спасовски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.