ММС

Објавено на: 12/28/20 11:07 AM

„Штипски наркодилери“ на фејсбук со имињата на трговци со дрога и нивните врски со инспектори

Само неколку дена успеа да „преживее“ групата „Штипски наркодилери“ која на фејсбук беше отворена на 22 декември. Со фотографии и имиња и презимиња на луѓе од штипското подземје, продавачи на дрога, кои според групата наводно имаат врски со  инспектори во СВР Штип од секторот за Недозволена трговија со дрога. Сите постови со фотографии и имиња денеска се избришани. Меѓутоа, не и пренесените постови, кои можат да се најдат не неколку други групи.

Креаторот или креаторите на групата напишаа детали околу каналите за набавка на дрога, за начинот на трапспорт, за тоа колку луѓе се вклучени во транспортот и продажбата, но и за наводната заштата што дилерите ја уживаат од полициските инспектори. Понатаму, со имињата на дел од дилерите ја поврзуваат серијата на подметнати пожари во луксузните возила и смртта на штипјанец, кој беше пронајден мртов на тераса во наслебата „8-ми Ноември“.

Од СВР Штип соопштија дека постапуваат по случајот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.