ММС

Објавено на: 12/28/20 10:10 AM

Реките Пена и Вардар во тетовско натрупани со смет

Реките Пена и Вардар во тетовско натрупани со смет. Истите се чистат само еднаш во годината, па тетовци можат да уживаат во чистите реки еден месец, а потоа неодговорните граѓани пак ги трупаат со смет.

 

Граѓаните реагираат за лошиот изглед на речните корита на Пена и Вардар, каде живиот свет едвај опстанува. Од риболовното друштво Риболовец кој концесионира со реките во овој дел на тетовскиот регион, велат дека на еколошката катастрофа може да му се најде крајот, но инспекциските служби треба повеќе да бидат на терен да контролираат и да казнуваат.

И покрај ваквата состојба од Инспекторатот за животна средина при Општина Тетово досега не казниле ниту едно лице кое на каков било начин ги загадил овие две реки. Оттаму имаат свое објаснување зошто нема казни.
 
На влезот од тетовско овие две реки припаѓаат во прва или во втора категорија, но на излез поради енормното загадување тие припаѓаат во трета или четврта категорија според нивото на загаденост. 
Зоран Димовски 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.