ММС

Објавено на: 12/27/20 11:50 PM

Загина едно лице во сообраќајка кај гостиварско Форино

 Жител гостиварското село Равен го загубил животот во сообраќајна несреќа која вечерва се случила на регионалниот пат Гостивар-Чегране.

 Според првичните информации на полицијата, вечерва околу 20 часот во селото Форино се судриле патнички автомобил „шкода Фелиција” со гостиварски ознаки која ја управувал Л.Х. (57) и „БМВ” со австриски ознаки што го управувал И.М. (18) од селото Чегране. Во несреќата, возачот Л. Х. задобил тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а тројца сопатници во неговото возило задобиле телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница.

 Причините и околностите кои довеле до несреќата ќе се утврдуваат по увидот што го прават јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар. Возачот на „БМВ-то” е обезбеден, наведуваат од полицијата

Ова е втора сообраќајна несреќа на гостиварското подрачје со трагичен епилог за последново деноноќие. Вчера попладне во близина на долнореканското село Скудриње во судир на две патнички возила едно лице почина од повредите, а две беа потешко повредени

з. г. м. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.