ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/27/20 10:03 PM

За тешки кривични дела ќе одговараат и децата од 12 до 14 години: Кина со нови законски измени

Со цел да се избори против малолетничкиот криминал, Кина ја намали старосната граница за кривична одговорност за одредени кривични дела од 14 на 12 години.

Според измените во законот, децата на возраст од 12 до 14 години ќе бидат кривично одговорни за намерно убиство или намерно нанесени повреди кои ќе доведат до смрт или сериозен хендикеп.

Законот ќе стапи на сила од први март, пренесува „Танјуг“.

Младите од 14 години кои ќе сторат кривично дело кое не е спомнато во измените на законот, ќе бидат изземени од кривичќна казна, но би можеле да бидат пратени во поправни домови.

Моментално во Кина кривично одговараат малолетниците постари од 16 години, а оние измеѓу 14 и 16 се кривично одговорни за тешки кривични дела како силување, кражба и убиство со намера.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1