ММС

Објавено на: 12/27/20 9:26 PM

Словенија ги олабавува рестриктивните мерки од утре до петти јануари

Фризерските салони, пазарите и продавниците ќе можат да работат во периодот од 28 декември до четврти јануари, одлучи словенечката влада на видео-седница. Забраната за верски служби и културни збуднувања се уште трае.

Продолжувањето на забраната сепак не се однесува на книжарите и историските споменици на отворен простор, како ни на музеите и галериите во регионите во кои има поволна епидемиолошка состојба.

Религиозните служби во црквите ќе се одржуваат под стриктни мерки на претпазливост – на 30 метри квадратни да има по една личност, или помалку доколку се од исто домаќинство.

Во Словенија во последното деноноќие се регистрирани 614 новозаразени и 25 починати.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.