ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/27/20 7:59 PM

Турскиот парламент усвои закон за надзор на фондациите и здруженијата

Турскиот парламент денеска усвои закон за надзор на фондациите и здруженијата, а групите за заштита на човековите права меѓу кои и Амнести интернешнл, оценија дека законот води кон ограничување на слободата на организациите на граѓанското општество.

Според законот министерот за внатрешни работи ќе може да ги смени членовите на организациите против кои се води истрага поради обвиненија за тероризам, а министерството пак ќе може да побара од судовите да ги спречи активностите на одредени фондации и здруженија.

Законот предвидува и контролата во фондациите да ја вршат државните службеници.

Меѓународните организации за заштита на човековите права преку заедничко соопштенија велат дека обвиненијата за тероризам во Турција се произволни и дека не се почитува презумцијата на невиност и се казнуваат лица чии судења не се завршени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1