ММС

Објавено на: 12/27/20 6:40 PM

Украдени пари од црквата Св.Еремија во делчевското село Стамер

Украдени пари од црквата „Св.Еремиј” во делчевското село Стамер. Еден од одговорните во црквата Милан Велинов вели дека кражбата се случила во текот на вчерашниот ден по што настанот бил пријавен во полиција.

-Тоа се случи вчера, утрото по одржување на црковен обред. Одговорниот благајник кога дошол да ја отвори вратата на црквата, вратата била отворена, најверојанто со шпакла или шрафцигер. Притоа забележал дека двете каси биле насилно отворени. Во едната каса имало пари завиткани во печкирче, нив ги немало, а исто и кај втората каса се украдени парите. Потоа дојдоа од полицијата, извршија увид, имаше уште една каса со ракофат и од неа се земени пари, покрај иконите што се ставаат пари не се земени, освен на една икона каде има пешкирче, вели Велинов.

Кражба на пари од црквата, како што додава за прв пат се случува во село Стамер. Речиси е сигурен дека кражбата ја сторил некој од селото.

-Тоа го направил некој од селото, не можеме да кажеме за некој конкретно, но дека е од селото, тоа е сигурно. Порано црквата стоеше отворена и никој не земал пари од неа, а сега што му текнало некому не знаеме. Најголем грев е од црквата да земеш пари, додава Велинов.

Црквата „Св.Еремиј” во сел остамер е изградена во 2017 година. Жителите покрај за соборниот ден на „Св. Еремија” доаѓаат и во други денови кога има празници. Во време на корона пандемија како што додава Велинов верниците ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. Од полицијата го потврдија случајот и додадоа дека се работи на откривање.

 

Валери Спасевски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.