ММС

Објавено на: 12/27/20 5:54 PM

Пандемијата со коронавирус не е последна, земјите мора да вложуваат во јавното здравство, порача Гебрејесус

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, предупреди дека пандемијата со коронавирусот не е последна и дека обидите да се подобри човековото здравје се „осудени на пропаст“ без справување со климатските промени и благосостојбата на животните.

Во видео порака за Меѓународниот ден за подготвеност за епидемија, Гебрејесус истакна дека краткотрајното фрлање пари за епидемијата е безначајно доколку државите не вложуваат во јавното здравство и ако не се подготвуваат за следни здравствени кризи.

– Историјата не учи дека ова нема да биде последна пандемија, а епидемиите се животен факт. Оваа пандемија ги истакна интимните врски меѓу здравјето на луѓето, животните и планетата, вели Гебрејесус.

Вложувањето во јавното здравство според Гебрејесус ќе обезбеди „нашите деца и нивните деца да наследат сигурен, отпорен и одржлив свет“.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.