ММС

Објавено на: 12/27/20 4:06 PM

Европол предупредува на измама со вакцините против коронавирус

Директорката на Европската полициска агенција денеска предупреди дека организирани криминални групи ќе пробаат ја искористат големата побарувачка на вакцини, па на пазарот е можно да се појават и лажни вакцини против коронавирусот.

– Веќе испративме предупредувања до сите земји членки да бидат многу внимателни. Има два начини за измама, или вакцините што ќе се порачаат никогаш нема да стигнат, или вакцините ќе бидат лажни, рече Катерина Де Бол.

За време на првиот бран на коронавирусот таргет на криминалните организации беа заштитните маски.

– Сега е истата опасност со вакцините. Европол се обидува да ги идентификува потенцијалните жаришта каде што има висок ризик од криминал, а потоа ги предупредуваме националните власти. Исто така имаме специјална полициска кооперација за да ги заштитиме вакцините за време на транспортот, вели Де Бол.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.