ММС

Објавено на: 12/27/20 1:56 PM

Секаде и во секој момент ќе има полициски контроли за новогодишната ноќ, порача Спасовски

Полицијата има оперативен план за дејствување, треба да знаете дека сека секаде, во секој момент ќе има полициски служби кои ќе вршат контрола дали одлуките се почитуваат и дали некој придонесува за ширење на вирусот, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во однос на новогодишната ноќ.

– Имаме акционен план според кој ќе постапуваме за време на празниците. Секој ден може да бидете сведоци на растурање на одредени забави кои што се прават. Еве синоќа се случи настан каде што беше растурена забава во Волково и беа приведени околу 29 лица, ист настан имаше и во Куманово каде што имаше семејна веселба итн. Така да одговорно и сосема посветено ќе постапуваме и за време на новогодишната ноќ. Апелирам до граѓаните да прославуваме, но одговорно. Оваа година сите заедно треба да придонесеме за зачувување на здравјето и да спречиме ширење на вирусот, рече Спасовски на денешното отварање на стрелиште за потребите на МВР и Армијата, заедно со министерката Шеќеринска.

Спасовски е дециден, против секој кој што нема да ги почитува мерките, без разлика дали се работи за сопственици на вили кои се издаваат или граѓани кои учествуваат во такви настани, ќе бидат поднесени кривични пријави затоа што директно го нарушуваат животот и здравјето на граѓаните.

– На секоја една пријава или сознание може да извршиме контрола и ако навистина се утврди дека има организиран настан се известува јавен обвинител и се постапува по законот за кривична постапка, рече Спасовски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.