ММС

Објавено на: 12/27/20 12:22 PM

Владата го разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминал за отпечаток од прст за попсиот

Се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминал за отпечаток од прст за попсиот, соопшти денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа, потенцирајќи дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите и повеќе не смее да се одложува.

– Ова се разгледува од надлежните институции, но сакаме да потсетиме дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите. Државата треба да ги знае клучните статистички податоци и тоа е операција која повеќе не смееме да ја одложуваме зашто нејзиното организирање е за општо добро, треба сите да бидеме свесни колку ни се неопходни податоците кои треба да ги даде пописот за планирањето на развојот на државата.Државниот завод за статистика непречено ги извршува сите подготовки за одржување на пописот во април 2021 година. Во пописот нема политика, ова е статистичка операција под мониторинг на Евростат, рече Хоџа на прес-конференција во владата.

ВМРО-ДПМНЕ даде предлог да се набават 10.000 терминали за земање отпечатоци од прсти за пописот, бидејќи според нив начинот на кој сега е планиран да се спроведе пописот ќе даде нереална бројка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.