ММС

Објавено на: 12/27/20 11:42 AM

Нов снег на Попова Шапка, апел за внимателност поради временските услови

Во текот на ноќните часови наврна нов снег на Попова Шапка па од ски-центарот информираат дека продолжија со работа ски-лифтовите, но апелираат за внимателност поради временските услови. Од ски-центарот велат дека поради ваквите околности во оптек ќе биде полудневен билет со целодневна важност.

-Во текот на ноќта од 23 па се до 7 часот изутрина наврнаа нови 7-8 нови сантиметри снег, но скијачките патеки беа многу оштетени со топењето на претходната покривка и затоа е потребна голема внимателноста од страна на скијачите. Сега новиот снег не е доволен за третирање со снеготапкач (ратрак). Воедно има и магла и затоа е потребна поголема внимателност, информира Живе Алексовски, директор на ски-центарот Попова Шапка.

Поради ваквата состојба нема да работи жичницата „Церипашина”, а функционираат „Св. Илија” и ски – лифтовите „Аеродром” и „Ге”.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.