Вкупно 78 илјади приговори пристигнале до Владата во врска со четвртиот пакет мерки, финансиската помош од шест илјади денари наменета за граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на социјална сигурност за стари лица, самохрани родители, естрадни уметници, деца без родителска грижа и млади лица на возраст од 16 до 29 години.
– Обработени се сите приговори, ќе излеземе со конкретни бројки најдоцна до утре. Иако законот не ја обврзува владата мора да се каже дека се обработени во рекорден рок, а стануваше број за околу 78 илјади приговори. На сите кои поднеле приговор ќе им се одговори на елктронската адреса која ја навеле при поднесување на приговорот. Во исто време се ажурираат и листите на веб страницата kupuvamdomasno.gov.mk. За оние со блокирани сметки банките кои имаа техничка можност им отворија потсметки за да се исплати помошта. Владата очекува толеранција од банките додека не заврши исплатата, тоа што доцнеше донесувањето на законот во Собрание ги предизвика овие непријатности, но Владата стори се помошта да стигне до оние до кои е наменета, рече на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.