ММС

Објавено на: 12/26/20 9:55 PM

Полицијата му го одзеде автомобилот на возачот кој се движеше по велосипедска патека (Видео)

Полицијата времено го одзеде возилото на скопјанецот кој објави видео на ТикТок на кое се гледа како тој со автомобил се движи по велосипедската патека на „Осму септември“. Ова вечерва го соопшти скопскиот градоначалник, Петре Шилегов по бројните реакции на јавноста за несовесното учество во сообраќајот, од страна на возачот кој за да ја избегне колоната возила направи сообраќаен прекршок.

Тик ток „фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено  – информира вечерва Шилегов.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.